Костовски: Кривичните пријави се плод на иницијатива на „човекот со чисти раце“,

Денес 17 октомври, јас еден од акционерите на Еуростандард Банка добив известување преку медиумите дека се покренати кривични пријави од Народна Банка против високи структури на Еуростандард Банка кои директно учествувале во носење на банката во стечај, реагира Трифун Костовки.

„Одговорно изјавувам дека сум задоволен што после двомесечен молк отпочнуваат активности околу вистинските причини за носењето на банката во стечај. Го поздравувавм овој чин.

Кривичните пријави се плод на иницијатива на човекот со чисти раце, гласноговорникот во името на Зоран Заев, кои ги најави на средбата со оштетените штедачи на ЕСБанка, а финализирани ако не од било кој друг, туку од Народна Банка.

По мене мојата колумна објавена на 13.10. 2020 на порталите, првенствено Инбокс7, Либертас и останатите беше повод за давање на зелено светло на Народна Банка за покренување на вакви кривични пријави.

Не се плашам, останува на мојот пат на вистината. Стечајот на Еуростандард Банка е злостор од криминогени структури, а тоа имам намера и да го докажам. Притисокот од кривичните пријави и друг вид кои постојат во институциите на системот, воопшто не ме плашат, туку напротив, ме охрабруваат да продолжам со својата мисија“, порача тој во писмена реакција.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.