Костовски на 22 август ќе објави извештај за пропаѓањето на Еуростандард банка

Бизнисменот Трифун Костовски кој беше мнозински сопственик на пропаднатата Еуростандард банка највува дека на 22 август ќе го објави извештајот од неговата приватна истрага за стечајот на банката.

-Со гордо срце и чиста мисла денеска официјално најавувам дека на ден 22 Август 2022 година во Скопје ќе биде обзнанет извештајот од мојата приватна истрага поврзана со стечајот на Еуростандард банка, која се работеше во изминатите 15 месеци. Овој извештај е направен од тимот на експерти за банкарски криминал под водство на господинот Драго Кос. На неговата презентација пред македонската јавност ќе присуствуваат и еминентни стручњаци во банкарскиот систем од земји членки на Европската Унија, објави Костовски.

Народна банка ѝ ја одзеде дозволата за работа на Еуростандард банка на 12 август 2020 година, а потоа надлежниот суд отвори стечајна постапка. За пропаѓањето на Еуростандард банка се водат неколку постапки, Обвинителството постапува по кривични пријави поднесени до нив, а истрага води и Финансиската полиција.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.