Екипите за зимско оддржување заедно со општинскиот кризен штаб во текот на ноќта и од рано утрово се на терен, информира градоначалникот на ВМРО-ДПМНЕ, Дарко Костовски.
„Навремено се исчистени сите критични места во Општина Бутел како и главните улици, сите споредни улици во сите населни места со цел непречено одвивање на сообраќајот.
Внимаваме сите патишта да бидат проодни и безбедни за сите граѓани. Апелираме до возачите, да внимаваат и да ја прилагодат брзина согласно условите на патот.
Ги повикуваме граѓаните да нѐ контактираат доколку некаде е потребна дополнителна интервенција за расчистување на снежните наноси.
Општина Бутел ќе ја следи целата ситуација и ќе продолжи со навремено реагирање“ – истакна тој.