Костовски: Олимпиското сребро на Георгиевски е историски успех! Браво лаву, браво јунак!

Дарко Костовски му го честиташе на Дејан освоениот сребрен медал на Игрите во Токио, оценувајќи го како најголем спортски успех од независноста на македонската држава.

-Го имаме најголемиот историски успех од како нашата Македонија е независна. Браво лаву, браво јунак, ти си новата спортска македонска икона и идолот на новите генерации, објави Костовски на социјалните мрежи непосредно по финалната борба.

-Тесно финале! Не досуден чист удар во глава. Чист, но тоа е спортот, знае да е суров.

-Сребро на олимписки игри во фулконтактен боречки спорт, во олимписко таеквондо, сон со кој јас и брат ми живеевме од како постои Таеквондо клубот Бутел!

Македонијо радувај се! Се гледаме на плоштад! Се гледаме горди и достоинствени на плоштад!

За Македонија!“, порача Костовски.

Георгиевски попладнево стана првиот македонски олимпиец на Игрите во Токио, кој освои медал, откако во финалната борба во таеквондо во категоријата над 80 килограми загуби од Русинот Владислав Карин со 15:9.

На патот до финалето македонскиот таеквондист ги совлада актуелниот светски првак Алба Кастиљо од Куба, Сејду Гбане од Брегот Слонова коска и Јужнокoреецот Ин Дон.

Сребрениот медал на Георгиевски е второ олимписко одличје за македонскиот спорт по бронзата на борачот Мохамед Ибрагимов на Игрите во Сиднеј во 2000-та година.