Костовски: Симтоматично е зошто Арсовска инсистира да не ја промени трасата која вети дека ќе ја ревидира пред изборите

Градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски ги отфрла обвинувањата на градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска во врска со проектот за изградба на булеварот Боца Иванова и обвинува дека таа, не го почитува ветеното дека ќе го ревидира проектот.

„За помалку од 2 години Арсовска се скара со ВМРО-ДПМНЕ, со синдикатот во Водовод, со синдикатот на ЈСП, со директорите на сите претпријатија за кои велеше дека се најдобри за модерно Скопје. Се скара и со МКЦ и вработените, со приватните превозници, со градоначалниците од ЗЕЛС, а деновиве започна да се кара и со народот од општина Бутел. И за неа сите овие се виновни, само Арсовска исправна. И при секоја кавга истата како со индиго прес тактика, посипува пердуви, збори за се друго само не за суштината, произведува политиканство“, напиша Костовски на фејсбук.

Според него, постојат многу поголеми проблеми кои треба да се решат.

„Заборави ли на ветувањата кон граѓаните од Бел Камен и Кучевишка Бара за кои ти лично даде ветувања дека за 82 дена ќе ги решиш нивните проблеми“, напиша градоначалникот на Бутел.

За него е  симтоматично зошто Арсовска инсистира да не ја промени трасата иако ветиле пред изборите дека ќе го стори тоа.