Костовски: Смилевски вети нова градинка во Бутел, до денеска не ја видовме

ВЕТЕНАТА ГРАДИНКА НА ВЕЛИМИР СМИЛЕВСКИ ЈА НЕМА, А РОКОТ БЕШЕ ДО 2018 ГОДИНА!

Почитувани граѓани на општина Бутел,

Денес во населено место Расадник на местото каде што 2017 година нашите сограѓани ја слушнаа една од многуте лаги на Велимир Смилевски. Овде требаше да никне една од неколкуте ветени градинки. Овде требаше да се згрижат малите дечиња од општина Бутел. Но за жал нашите сограѓани уште еднаш имаат можност да се уверат во лажните ветувања на СДСМ и Велимир Смилевски.

Разочараноста по средбите денес со граѓаните од ова населено место се огромни. Програмата која ја ветуваше нема никаква реализација. Ниту 5% од ветеното не е реализирано. Програмата е празно слово хартија кое служеше за манипулирање. Животот не само што не се подобри туку и се уназади.

Како пратеник во Собранието на Република Македонија преку комисиите ќе поднесам иницијатива за што поскоро решавање на овој голем проблем во општина Бутел.

Верувам дека Велимир Смилевски ќе биде запаметен како најлошиот градоначалник на општина Бутел.

Фејсбук статус на пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Дарко Костовски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.