Костовски: Усвоен е буџетот од 230 милиони денари на општина Бутел, ќе се реализираат проекти за бутелчани

Денес на седницата на советот на Општина Бутел беше изгласан и донесен најголемиот, рекордно проектиран буџет кој некогаш го имала Општина Бутел.

Во продолжение следува изјавата на градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски:

Усвоивме развоен буџет, буџет кој е наменет и исклучиво во служба на граѓаните. Буџет кој значи реализирање на барањата на граѓаните. За жал советниците од СДС и Левица не го поддржа буџетот, не поддржаа нови проекти и не го поддржа развојот на Општина Бутел.

Со овој буџет одвоени се рекорден број на финансии за капитални проекти.

Со овој буџет издвоени се финансии за реализација на:

Уредување на речното корито на Река Серава
Реконструкција и ревитализација на локални улици
Изградба на нова и реконструкција на постоечката атмосферска и фекална канализација
Изградба на нови спортско рекреативни центри во сите населени места
Нови детски игралишта
Нови спортски игралишта
Нов пешачки и пристапни патеки
Поддршка на спортски клубови
Спортски стипендии
Субвенционирање на кровови и фасади
Зголемен број на финансиски средства за помош на социјално загрозени семејства
Финансии за културни и спортски настани

Во овој буџет предвиени се 0 средства за репрезентација, патни трошоци, како и непродуктивни трошоци.

Парите на граѓаните мора и исклучиво ќе се користат за нивни потреби!
2023 година ќе биде година на развој, на многу нови проекти во сите населени места!

Продолжуваме за модерна, стабилна и просперитетна Општина Бутел.