Костовски: ВМРО-ДПМНЕ е докажана партија за привлекување на странски инвестиции и ќе се обидам да се отвораат нови работни места во Бутел

Има големи можности за развивање на економијата во Бутел и општината има нова индустриска зона покрај онаа што е во Визбегово и оваа индустриска зона Расадник Љуботенски пат каде што во мојата програма има целосно предвидено помагање во однос на инфраструктурата за да започне со функција и една хала е во крајна фаза на изградба, изјави Дарко Костовски кандидатот за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ за Бутел во вечерашната дебата на Македонската телевизија.

„Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски вчера на митинг потенцираше дека ќе се привлечат нови 30 странски инвестиции и сметам дека навистина ќе ја добиеме довербата од граѓаните за да го реализираме истото. Сметам дека во однос на економијата ние како ВМРО-ДПМНЕ сме докажани за привлекување на странски инвестиции и јас како човек ќе настапам борбено бидејќи сметам дека треба да има нови работни места во Бутел за младите“, рече кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ.

Додаде и дека Бутел ќе биде мултиетничка општина иако неговиот против кандидат ветува живот за сите во Бутел иако ја продал својата куќа токму од тие причини.

„Јас живеам во Бутел и секогаш ќе останам тука и сметам дека соживот се гради со храброст, а не со лицемерие, сметам дека соживот се гради со сакање на своето па почитување на другото, а не со тргување на националните интереси во однос на соживотот. На нашата советничка листа имавме советник од друга национална припадност кој што има различна вера и нација и тоа ни е практично го докажавме да има соживот. Во Бутел има соживот и истиот треба да го сочуваме и во иднина“, рече Костовски.