Костовски: ВМРО-ДПМНЕ е на праг да формира мнозинство во Собранието

127

Во гостувањето во емисијата Утрински брифинг пратеникот од редовите на ВМРО- ДПМНЕ Дарко Костовски кажа дека повеќе од јасно е дека владејачкото мнозинство е кревко и дека во таква состојба доколку еден или двајца излезат од мнозинството Владата практично паѓа.

„Веќе и јавноста знае дека станува забор за кревко мнозинство имаат нешто над 60 пратеници што е многу малку особено за млада демократија како Македонија каде што знаете како еден или двајца да излезат од тоа мнозинство владата паѓа. Што тоа значи? Тоа значи дека мнозинството е подложно на уцени, тие постојани се уценуваат јас сум убеден во тоа и во таа смисла државата е заложник на некои си уцени коишто доаѓаат од теснопартиски интереси а некогаш и од лични интереси што е голем проблем“, рече Костовски.

Пратеникот потенцираше дека ВМРО–ДПМНЕ е на праг да формира ново парламентарно мнозинство, и тоа врз база на политичка платформа преку која им се нуди можност на помалите партии да излезат од ќорсокакот во кој ги води СДСМ.

„Она што е важно и што го истакнува ВМРО–ДПМНЕ во последниот период. претседателот Христијан Мицкоски некој од подпретседателите во моментот дека сме на праг да формираме и ново парламентарно мнозинство меѓутоа не врз база на одредени уцени туку на една понуда на политичка платформа особено од оние помали политички партии кои што го чинат мнозинството. Практично нудиме една можност и тие самите да излезат од овој ќорсокак во кој што ги води СДСМ“, појасни Костовски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.