Костовски за Еуростандард банка: Ме исцедија како лимон и ме фрлија на буниште

Сопственикот на пропадната Еуростандард банка, Трифун Костовски, во текст за порталот „Инбокс7“, се осврнува на последните случувања и пропаста на неговата банка.

„Би сакал да споделам едно чувство – разумот во оваа земја одамна е погребан. Тоа не ја исклучува и Народната банка на Република Македонија, која би требало да е една од највисоките институции кои гарантираат економска стабилност. Наместо тоа, доминираат бирократското его и суетата.

За Народна банка важи правилото „homo homini lupus est“, што по нашински или мое гледање би требало да значи, ме исцедија како лимон и ме фрлија на буниште“ пишува Костовски.

Без наводи на зборот тајкуни, Костовски им порачува „спокоен живот“ и гледање сеир.

„Ниту еден од големите тајкуни во Република Македонија не подигнаа слушалка да прашаат како сум“, пишува Костовски.