Котевски: Јанакиески е вратен во притворот во Шутка

Директорот на истражниот затвор во Шутка, Ѓоко Котевски, вечерва потврди дека обвинетиот Миле Јанакиески е вратен во притвор.

Јанакиески, по неколкучасовниот престој во ГОБ „8 септември“, во моментов се наоѓа во затворот заедно со неговиот адвокат Дончо Донев, додаде Котевски. Тој истакна дека Јанакиески бил превезен во Градската болница, бидејќи се жалел на болки, а затворскиот стационар не ја поседува неопходната апаратура за медицинска грижа. Тој додаде дека според неговите сознанија, Јанакиески се здобил со нагмечувања, но не и скршеници.