Котевски ќе поднесе оставка од позицијата директор на затворот „Шутка“

Заев оставката од директорот на затворот ја очекува најдоцна до понеделник. 

Ѓоко Котевски ќе поднесе оставка од позицијата директор на истражниот затвор „Шутка“, откако премиерот Зоран заев побара оставка од Котевски по инцидентот во затворот каде што беа истепани екс министрите Миле Јанакиески и Спиро Ристовски.

Јас сум одговорен човек и пропфесионалец во службата и кога службата ќе потфрли логично е од професионални и морални причини да се поднесе оставка. Од досегашната истрага утврдени се пропусти и непочитување на стандардните безбедносни протоколи во службата за обезбедување на затворот во Скопје. Одговорноста за тоа ја преземам јас, рече Котевски во изјава за медиумите пред КПУ „Скопје“.

Заев оставката од директорот на затворот ја очекува најдоцна до понеделник.

Зад ваквата одлука застана и министерката за правда Рената Десковска.

– Случајот заслужува и ќе има истрага. Треба да се види дали и каде е направен пропуст. Мора да има одговорност кој дозволил да има близок контакт меѓу овие две групи, без разлика дали тоа е вообичаена пракса или не. Во конректнава ситуација треба да се прави проценка за одредени ризици – рече министерката Дескоска.