Котлар: Акцијата од врата до врата ја продолживме во населбата Пролет- за жителите предвидени се цел сет на проекти кои ќе го подобрат живеењето

Акцијата од врата до врата вечерва ја продолживме во населбата Пролет, вели Наташа Котлар, кандидатот за градоначалник на општина Центар поддржан од ВМРО-ДПМНЕ.

-За жителите од оваа населба предвидени се цел сет на проекти кои ќе го подобрат живеењето, од енергетски-фасади до нова детска градинка. Победуваме во Пролет. За Центар со душа, пишува Котлар на Фејсбук.