Котлар: Цел живот вредно и сама чекорев, затоа и не се плашам од опонентите во битката за Центар

Во целиот свој образовен процес и воопшто во животот чекорев сама, и сѐ што постигнав досега е резултат на макотрпна работa, затоа и не се плашам од опонентите, вели професорката Наташа Котлар-Трајкова која на престојните локални избори е независен кандидат за градоначалничката позиција во скопската општина Центар.

Во нејзиното вечерашно гостување во емисијата „Што не е јасно“ на телевизија Алфа истакна дека токму тоа и ја охрабрила да не се плаши од предизвикот самостојно и независно да се трка во битаката за општина Центар.

„Сѐ она што јас успеав да го постигнам и во образовната свера, па и во професионалната, тоа е резултата на мојот личен ангажман, на мојот труд. Јас сум и така образована и така дома воспитана, дека само со труд може да се постигнат одредени работи, а мојот татко имаше обичај да каже од страв се бега ама од страм не се бега. Ако јас се образував бидејќи имам длабока почит кон она што преставува македонска наука, тргнувајќи точно од тоа си дадов пред себе си една задача дека ако јас навистина потекнувам од таа свера, тогаш редно е јас тоа така и да го направам, бидејќи зад мене никогаш не стоел зад мене за да ми го поќаже патот. Човек ако е навикнат сам да се бори во животот тогаш нема за што да се плаши за следните чекори“, рече Котлар која додава дека себеси се доживува како високо квалификуван работник и ништо повеќе од вреден работник.

Појасни дека сите во моментов сме заложници на една класа луѓе кои во моментот раководат со државата како на централно така и локално ниво, кои немааат никаква историска, културна, национална надразба, луѓе кои ги интересираат единствено економските придобивки и можности.

Во однос на нападите кои во последен периот и ги упатуваат политичките опоненти, пред се од страна на владејачката СДСМ, Котлар истакна дека тоа е страв, несигурност и рефлексија на нив самите.

„Во мојот свет на науката ако немате соодветни аргументи да се спротиставите на својот научен соперник, тогаш гледате да алудирате на определени лични навреди, а тоа пак ве девалвира како научник. Така и ова го доживувам. Ако не можете да изразите соодветни политички ставови и се занимавате само со личноста на еден човек, тоа говори грдо за вас“, истакна Котлар.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.