Koтлар: Македонците го ценат Гоце Делчев по неговото учење и делување за Македонија

Денес во емисијата „Што не е јасно“ гостуваше д-р Наташа Котлар Трајкова, историчар која што посочи дека ова Бугарите моментално што прават е како да хемичарите те убедуваат дека H2O дека не е вода, туку масло.

-Ако се потсетиме малку некаде мислам дека беше крајот на мај или почетокот на јуни, францускиот амбасадор Тимоние ни го најави она што сега во моментов ни се случува. Како претставник на една докажана и покажана европска сила спомна за заедничката историја, спомна за одредена власт која тоа треба да го реализира, не беше пророк меѓутоа ни го навести она што е веќе зацртано и што се спроведува, истакна Котлар Трајкова.

Котлар Трајкова додаде дека ако хемичарот се обидува да ве убеди H2O дека не е вода, туку масло, е токму тоа е исто што се применува во историската наука, и тоа во однос на Свети Климент, Свети Наум, браќата Кирил и Методиј, а да не се говори и за Гоце Делчев.

Историјата е една сериозна дисциплина каде што не може една Комисија да ви определи што ќе биде наука, нагласи Котлар Трајкова.

Котлар Трајкова посочи дека Македонците го ценат Гоце Делчев по неговото учење и делување за Македонија.

-Ако ги следиме неговите зборови и дела, основата е потпирање на самостојни македонски сили. Тие сили треба да се искористат во политичка, културна, па и економска вештина. Се што има кажано и направено, да не заборавиме дека има загинато на македонска територија исто така“, потсети Котлар Трајкова.