Котлар: Може да се зборува за заеднички процеси во одредени периоди со Бугарија, но не и за заедничка историја

Професорката Наташа Котлар во своето гостување во отвореното студио на ТВ Нова истакна дека дел од договорот со Бугарија кој владата на СДСМ сака да го потпише, каде се зборува за заедничка историја на Македонија и Бугарија претставува крајно не соодветна формулација.

Може да се зборува за одредени слични процеси и појави кои се случуваат во еден определен простор и време, но кога не би имале заедничка историја не би постоеле националните истории.

„Можеме да зборуваме за заеднички процеси во одредени периоди со Бугарија, но не и за заедничка историја“, додаде професорката.

Според неа, е срамно да се говори за заедничка историја со Бугарија. Таа вели „замислете си една Полска која на трипати беше делена од Прусија (денешна Германија) Австрија и Русија да бара заедничка историја со некоја од овие земји и да ги заборави своите посебни историски специфики и особености и тоа да го прослави со една заедничка добрососедска прослава“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.