Котлар најави дрворед на секоја улица и зелени оази во Центар

Создаваме нова иднина за Општина Центар, ги зголемуваме зелените површини и редовно ќе го пошумуваме Водно, најави Наташа Котлар-Трајкова, кандидат за градоначалник на Општина Центар од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

– Скопје е најзагаден град во Европа, па затоа ветувам дрворед на секоја улица и зелени оази наместо бетон. Ќе ги лоцираме загадувачите и низ акционен план ќе ги елиминираме, ќе водиме бескомромисна казнена политика за загадувачите. Ќе има ден без автомобили, што е светска практика. Отпадот ќе се депонира и селектира со современи технологии. Ќе поставиме автоматизирани јавни тоалети. Редовно ќе го пошумуваме Водно. Во мојот мандат нема да издадеме одобрение за градба на згради на Водно. За зелен и чист Центар – порача Котлар.