Се наоѓам на раскрсницата кај училиштето Кочо Рацин, безбедноста на учесниците во сообраќајот, сообено на дечињата и на ученициоте за нас е многу важна, рече во своето видео обраќање кандидатот за градоначалник за општина Центар од ВМРО-ДПМНЕ, Наташа Котлар.
„Затоа пред училиштата и градинките ќе воведеме Зона 30, со максимална брзина на возилата од 30 километри на час. Ќе поставиме визички препреки на улиците, визуелна и светлосна сигнализација,“ истакна Котлар.
Додаде дека секое училиште за децата од прво до петто одделение ќе има свој редар со жолт елек и со знак „Стоп“, кој ќе може да го сопре сообраќајот кога ќе минува поголема група на ученици