Котлар: Создаваме нова иднина,  Центар ќе биде современа општина со здрава животна средина и развиен културен живот

Кандидатката за градоначалник на општина Центар, Наташа Котлар, вечерва на митингот им се заблагодари за своите сограѓани што ја поддржале и за добриот резултат кој го постигнале во првиот круг од локалните избори. Таа рече дека е убедена во победата и во вториот круг бидејќи нејзината кампања има различен настап со која покажале дека граѓаните и нивните потреби се во фокусот на нивното внимание.

„Општина Центар не припаѓа само на своите жители, на центарци, туку е центар на градот Скопје и центар на државата. Нашата визија за Центар е секогаш да биде функционална, модерна и современа општина како што ѝ доликува. Ова го велам затоа што сум сериозна во намерата да ја елиминираме онаа култура која не покажува современо и модерно однесување, ние сериозно мислиме да ги менуваме нештата и во доменот на урбаното градење, во екологијата да воспоставиме принципи, мерила и мерки, за здрава средина и здрав живот, ни треба културен живот кој во нашата програма го имаме и во која се опфатени и пензионерите и младите“, рече Котлар.

Кандидатката им порача на младите, студентите и средношколците дека од нив ќе бара активен ангажман во креирањето на подобра општина Центар.

„Предвидуваме добар дел од најдобрите ученици од средното, основното и студентите да ги стимулираме со стипендии. Во овој момент сакам да кажам и дека посветивме внимание на оние луѓе кои се со определена попреченост или инвалидитет – и за нив имаме сериозна намера да ги вклучиме во работата, односно во активностите на општината“, рече Китлар.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.