Котлар Трајкова: Историската комисија има одвај четворица историчари кои прво не се компетенти за проблемот, а и да бидат 400 не можат да решаваат за Македонија

„Па, да бидам малку шеговита ние се навежбавме веќе на вакви ситуации и на ваква содржина, иако веќе станавме помудри со оглед дека спомнавте наративот е сменет. Но, тоа не значи дека другите нешта се сменети. Намерите се истите, однесувањето е дури исто, и се плашам дека сето она што ние го доживуваме како лошо по однос на националните, државнички интереси дека тоа ќе го доживееме“, рече Наташа Котлар Трајкова при своето гостување во „Што не е јасно“ говорејќи за односите на Македонија со Бугарија.

Котлар Трајкова додаде дека македонската историографија е сериозна историографија, и првото нејзино мото е во историјата нема ни црно, ни бело.

„Независно од она што ни се сервира во етерот ние треба да знаеме кои се нашите национални, државни, па ако сакате и просто човечки интереси“, појаси Котлар Трајкова.

Котлар Трајкова посочи дека се ќе беше добро ако не постоеја одредбите во Договорот со Бугарија, особено оној што е во членот 8. И особено точката два.

„И поради договорот денеска имаме таква ситуација да историска комисија, а да таа комисија да ја запознам јавноста има одвај четворица историчари кои прво не се компетенти за проблемот, а друго и да бидат 400 не можат тоа да го решаваат. Бидејќи историската наука си има сосема свои правила и методи на работа“, рече Котлар Трајкова.