Котлар: Време е за конкретни чекори – градинка во Капиштец и дневен центар за дечиња со попреченост

Кандидатот за градоначалник на Општина Центар поддржан од ВМРО-ДПМНЕ, Наташа Котлар вели дека има конкретен план за градинка во Капиштец.

Дел од објектот кој планира да се користи ќе биде и дневен центар за деца со попреченост.

„Наместо најави за градинки кои траат веќе осум години, јас имам конкретен план за градинка во Капиштец која ќе биде сместена во објект на централна институција која истиот не го користи, а ние воедно би го користеле и како дневен центар за дечиња со попреченост. Доста е од бесконечни најави, време е за конкретни чекори и решенија за сите ранливи категории од Центар“, рече Котлар.