Коуртуа ќе стави крај на сите дилеми

Репрезентативецот на Белгија и прв голман на шпанскиот прволигаш Атлетико Мадрид, Тибо Коуртуа откри дека во текот на следната недела ќе открие дали и во новата сезона ќе го чува голот на популарните “јорганџии” или најпосле ќе добие шанса да брани за лондонскиот премиерлигаш Челзи.

“Точна информација околу мојата иднина ќе добиете во текот на следната недела. Тогаш ќе бидат решени сите дилеми околу мојата иднина. Се што можам да кажам е дека на преговарачката маса се седнати раководните лица на Челзи и на Атлетико Мадрид. Преговорите се во финална фаза и се ќе биде познато за неколку дена”, изјави Коуртоа.

И англиските и шпански медиуми се убедени дека ммадиот голман ќе биде продаден на Атлетико Мадрид, а во обратната насока ќе се упати најдобриот голгетер во дресот на Атлетико Мадрид,  Диего Коста.