Ковач им забрани мобилни телефони на играчите на „Баерн“

Тренерот на „Баерн“, Нико Ковач им забрани на неговите играчи да користат мобилни телефони и најави санкции, откако фудбалерите не се придружувале на забраната која Хрватот првично ја вовел пред две недели.

Според новите правила, телефоните можат да ги користат во соблекувалните, додека во ресторанот, собите за масажа и дружење, како и во останатите клупски простории е забрането.

Користењето на мобилен телефон во соблекувалната е во ред, но на другите места е забрането. Ако заедно вечераме, нормално е дека луѓето зборуваат едни со други наместо да се играат со телефоните. Сакам сите да разменуваат мислења меѓу себе. Играчите мора да се опуштат, а не да зјапаат во екранот. Покрај тоа мислам дека зрачењето не е корисно за време на релаксација со масажа, објаснува Ковач за „Билд“.