Тренерот на Баерн Минхен, Нико Ковач се најде во незгодна ситуација откако беше преголем оптимист околу трансферот на Лирој Сане.
„Не ми се допадна тоа што го кажа“, вели Румениге. „Ние имаме одлична соработка со Манчестер сити и со нашиот поранешен тренер Пеп Гвардиола. Сане и натаму има договор со тој клуб. Ниту оптимистички, ниту песимистички изјави нема да ни помогнат во оваа ситуација“, додаде првиот човек на Баерн Минхен.
И самиот Ковач ја увиде својата грешка со оптимистичките изјави околу Сане, па дури и јавно се извини и му се јавил на Гвардиола.
„Ние во клубот зборувавме за тоа. Можеби бев премногу навредлив во тоа интервју. Зборував со Пеп и му се извинив. Сакам да му се извинам и на клубот исто така. Ќе се обидам да се воздржувам со коментари во иднина“, рече Ковач.