11.8 C
Skopje
четврток, март 28, 2024

Ковачевски е задоволен од перформансите на министрите од ДУИ

Премиерот Димитар Ковачевски е задоволен од министрите кои ДУИ ги има во Владата. Бидејќи во редовите на оваа партија немаше промени, Ковачевски беше прашан дали смета дека министри на ДУИ се незаменливи, на што одговори дека членовите на Владата не ги дели според политичката провиниенција од каде доаѓаат.

„Јас никогаш не сум ги делел луѓето со кои што сум работел како кадри на одредена партија, одредено време, одредена провиниенција. Ги вреднувам врз основа на професионалните перформанси. Со министрите кои беа дел од минатата Влада и се дел од новата Влада имав соработка како заменик министер. Лично сум задоволен од перформансите на министрите од ДУИ, предложени да бидат дел од новата Влада“, кажа Ковачевски.

Тој не одговори конкретно дали наскоро може да се очекува лидерска средба со Христијан Мицкоски, но најави дека ќе комуницира со опозицискиот претседател.

„Сметам дека сите политичари и експерти, без разлика на нивната партиска или политичка припадност треба да дадат придонес за решавање на проблеми. Ќе воспоставиме комуникација со Мицкоски, за изнаоѓање на решенија“, рече Ковачевски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.