Ковачевски е заложник на Груби, а уште пострашно на Радев, оценува Димитровски

Премиерот Димитар Ковачевски е директен заложник на првиот вицепремиер Артан Груби, од една страна, а од друга страна мислам дека Ковачевски е заложник и на бугарскот претседател Румен Радев што е уште подраматично. Затоа што не видовме баш многу пријателска реторика од Радев, а во овој период по „францускиот предлог“ се велеше дека треба да се релаксираат меѓусебните односи, изјави за Радио Лидер доскорашниот заменик министер за локална самоуправа Зоран Димитровски Жоро од Демократски Сојуз.

Потенцираше дека идејата за европски фронт иако изнасилена и е конфротациска за поделби меѓу населението, Македонците не се против Европа туку евроскептични поради односот на Европа кон нив.

Во врска со случајот Пендиков, Димитровски посочи дека тоа не било случајно и дека токму во тој период се погодило да има коалициска средба со Ковачевски и на таа средба токму тие денови Ковачевски раскажал што се случило.

„Ни кажа дека полицијата односно МВР го расчистило случајот и дека станува тепачка за наркодилерство за долг од 500 евра којшто подолго време го барале тепачите и декиа во таа тепачка биле спомнувани и мајки и бугарски, меѓутоа мотивот е нарко бизнис. Кога тоа му го кажавме дека ЈО поднесе за омраза, тој рече дека кога е направена истрагата Министерот за внатрешни работи му јавил на колегата од Бугарија и му го кажал сето тоа. Ова е тоа до што сме дошле“, рече Димитровски.