Ковачевски и Заев на средби со коалициските партнери

Новоизбраниот претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски, заедно со неговиот претходник и актуелен премиер Зоран Заев, денеска ќе одржат средби со претставници на коалициските партнери што се дел од парламентарното мнозинство.

– Станува збор за консултативни средби за запознавање со начинот на досегашната соработка со коалицииските партнери, како и идната соработка во коалицијата, потврдуваат од СДСМ.

Се очекува до крајот на неделава да се изврши и официјално примопредавање на лидерската функција во СДСМ откако Ковачевски завчера на внатрепартиски избори беше избран за нов претседател на местото на Заев, кој по неуспехот на локалните избори во октомври најави оставка и од лидерската партиска, но и од премиерската функција.