Ковачевски: Имаме енергенси за топлинска енергија до крајот на месецов

Топланите Исток и Запад утрово ги стартувавме и скопјани добија парно греење, рече директорот на ЕСМ Васко Ковачевски кој додаде дека има енергенски за производство на топлинска енергија до крајот на месецов.

„Граѓаните треба да бидат безбедни и обезбедени со топлинска енергија, затоа што имаме обезбедено енергенс до крајот на месецот, а следствено на тоа како ќе функционира приватната гасна централа ТЕ-ТО ќе знаеме дали ќе повлекуваме топлинска енергија од таму или целосно ќе произведуваме топлинска енергија целосно во нашите топлани кои ги имаме под закуп од акционерското друштво АДОРА во топланите Исток и Запад“, изјави директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски.

Ковачевски додаде во следниот период до крајот на месецов ќе обезбедат енергенски за производство на топлинска енергија не само за месец ноемви туку и до крајот на грејната сезона.

997 мегават часови топлинска енергија биле испорачани од 5 утрово до 9 часот кога надворешната температура го надминала 12. степен од живата на термометарот.

Грејната сезона трае до 30-април 2023 година.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.