Ковачевски: Најавувам удвојување на економскиот раст и раст на БДП до 5 отсто, патите продолжуваат да растат

51

Претседателот на СДСМ и мандатар за состав на новата Влада, Димитар Ковачевски во своето експозе во Собранието најави дека минималната плата ќе продолжи да расте што ќе придонесе за раст и на просечната плата.

„Порастот на минималната плата ќе продолжи како и растот на просечната. Во првата половина на 2022 година ќе го иницираме и заокружиме економско-социјалниот дијалог за утврдување на новата методологија за пресметка и порастот на нивото на минималната плата.“ посочи Ковачевски.

Покрај растот на платите, додаде Ковачевски, политиките на новата влада ќе се фокусираат и на намалување на стапката на невработеност која е проектирано да достигне 11,4 осто во 2024 година, односно да биде едноцифрена, 8,6 отсто до крајот на 2026 година.

Создавање поголем и одржлив раст на економијата во следните две и пол години е главен фокус на новата валда, истакна претседателот на СДСМ и мандатар Димитар Ковачевски во експозето во Собранието.

„Клучна цел на економската политика на Владата ќе биде креирање поголем и одржлив раст на економијата и пораст на БДП со удвојување на стапките на економски раст на среден рок и тоа од 2,5%, на 5% просечен раст.

Ова ќе го постигнеме преку зголемувањето на домашните и странските инвестиции, инвестиции во јавни и приватни проекти, како и значајно зголемување на ефикасноста во реализацијата на капиталните инвестиции.“ посочи Ковачевски.

Претседателот Ковачевски истакна дека во перидот што претстои главен предизвик во економијата и натаму останува соочувањето со негативните ефекти од пандемијата и енергетската криза.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.