Ковачевски на безбедносната конференција „ГлобСек 2022“ во Братислава

Со присуство на официјалното отворање на конференцијата „ГлобСек 2022“ почна учеството на претседателот на Владата Димитар Ковачевски на еден од најважните меѓународни форуми за безбедност што се одржува во Братислава, Словачка.
На самиот почеток на конференцијата, како што информираа од владината прес-служба, биле поставени суштинските прашања поврзани со безбедноста и можните перспективи на Европа. Украинскиот претседател Владимир Зеленски, кој имал видео обраќање, потсетил колку е важно европското единство и отпорот на целиот демократски свет кон воената агресија на Руската Федерација.
Конференцијата ја отвориле претседателката на Словачка, Сузана Чапутова и претседателката на Европската Комисија Урсула фон дер Лајен.
Форумот ГлобСек 2022 Братислава годинава е фокусиран на поддршката за Украина и поширокото европско соседство за вклучување во безбедносниот круг на Европа, како и на глобалните коалиции за спротивставување на агресијата на авторитарните држави.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.