Ковачевски: Нашето минато тече во нашите вени, но имаме обврска да јуришаме кон европска иднина

Македонскиот премиер Димитар Ковачевски вечерва од Крушево се обрати на отворањето на манифестацијата „Десет дена Крушевска Република“.

Ковачевски за револуционерите Питу Гули, Даме Груев, Никола Карев и останатите кажа дека поставиле пред себе голема идеја, а токму на тие идеи се гради Македонија.

„Не постои сила што може да застане на патот на европскиот напредок на нашата држава. Имаме обврска да јуришаме кон европска иднина“, кажа Ковачевски.

Ковачевски, исто така, кажа дека се гради еднакво општество за сите граѓани.

„Немаме предрасуди кон никого. Продолжуваме да се развиваме. Како Македонци со македонски јазик ни е отворен простор на европската маса. Нашето минато тече во нашите вени и никој не може да го одземе и да сака“, вели премиерот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.