Ковачевски: Несериозно е барањето за предвремени избори од ВМРО-ДПМНЕ среде пандемија и енергетска криза

Во однос на барањето на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени избори сметам дека е тоа несереиозно, затоа зошто ние во моментот се наоѓаме во криза која што е најголема после големата економска криза од 1929та, 1930та година, бидејќи имаме здравствена пандемија, енергетска криза и имаме економска криза која што е предизвикана од таа енергетска криза, порача претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски во интервју за Канал 5 телевизија. 

„Во такви услови да барате избори каде што ќе ги стопирате сите економски процеси, каде што на граѓаните немате што ново да им понудите, ВМРО-ДПМНЕ ништо не понуди ново, тие велат сакаме избори, секој ден сакаме избори. Јас повикав на партиципативно управување, тоа партиципативно управување значи дека ја повикувам и опозицијата, и академијата, и стопанските комори, и синдикатите, заедно да сработиме во услови на криза за да може да направиме помали негативни последици во однос и на стопанството и на граѓаните. Сите оние кои што сакаат тоа да го направат вратите им се отворени, меѓутоа барањата на ВМРО-ДПМНЕ во однос на предвремени избори, тоа претставува уцена, а јас сум човек што не подлегнува на уцени и не работи под уцена“, истакна Ковачевски. 

Во однос на легитимитетот, Ковачевски посочи дека Владата својот легитмитет го црпи од изборните резултати од изборите во 2020 година и дека парламентарни избор ќе има во редовниот термин, во 2024 година.

„Легитиметот произлегува од изборите во 2020 година, кога СДСМ и коалицијата победија, тој легитимитет е дополнително зајакнат со влезот на Алтернатива во владината коалиција. ВМРО-ДПМНЕ сака да направи едно толкување на правните норми за легитимитет, ако погледнеме голем број од државаите, партиите на власт ги губат локалните избори но то не значи промена на власта. Избори ќе има во редовниот термин, во 2024 година“ заклучи претседателот Ковачевски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.