Ковачевски-Пленковиќ: Евроинтеграцијата на Македонија е најдобар механизам за напредок на земјата

Македонскиот премиер Димитар Ковачевски, на маргините од Бледскиот стратешки форум во понеделникот се сретна со претседателот на хрватската влада Андреј Пленковиќ.

На средбата на која присуствуваше и вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, се разговарало за актуелните случувања во врска со процесот на евроинтеграции на Македонија. Двајцата премиери оцениле дека европската интеграција е најдобар механизам за напредок на нашата земја, што меѓу другото ќе овозможи стабилна економија, повисок животен стандард за граѓаните и ќе донесе повеќе инвестиции соопштија од Владата.