СДСМ има најголем коалициски потенцијал за претстојните парламентарни избори. Верувам дека оваа коалиција повторно ќе победи на изборите, ќе формира Влада со која ќе станеме членка на Европската Унија, а Стево Пендаровски повторно ќе биде Претседател на државата”, порача претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, во вечерашното интервју на вестите на Македонската-радио телевизија (МРТ).
„Стожерните коалициски партнери на нашата партија како ЛДП, НСДП, ДОМ, партијата за движење на Турците ТКП и низа други партии остануваат во коалиција со СДСМ. Таа одлука за коалицирање со нив е веќе донесена. Со тоа СДСМ ја задржа главната контура на коалицијата, а тоа се партиите кои навистина се оригинални во македонскиот политички простор, коишто не се деривати на одредени политички партии и коишто имаат вистински заложби во заедничката програма до кои се придржуваат”, рече Ковачевски.
Лидерот на СДСМ истакна дека Стево Пендаровски е победнички кандидат на претседателските избори затоа што во изминатите пет години докажа дека има исклучително висок професионален капацитет и интегритет да носи независни одлуки.
„Тој нема направено ниту една стратешка грешка и ги третираше сите граѓани подеднакво без разлика на нивното потекло или определба по која било основа. Тој е кандидат којшто е поддржан не само од политички партии туку и од граѓански организации, поединци, здруженија што можеше да се види и по неговото кандидирање. Од друга страна имаме претседателски кандидат кој е продолжена рака на ВМРО ДПМНЕ што се потврди со онаа драма со собирањето потписи. Прво тврдеа дека собрале 28.000 потписи за не знам колку часа за на крај да се испостави дека потписите им биле фалсификувани, дуплирани и не можеа да ги поднесат во ДИК. Затоа нивниот кандидат е типичен партиски кандидат на ВМРО ДПМНЕ кој проба со фалсификат да обезбеди потписи”, истакна Ковачевски.