Ковачевски се откажува од членство на Македонија во ЕУ?

Македонија ја има поддршката од европските партнери кои сметаат дека мора веднаш да ги започнеме преговорите за членство во ЕУ, а Владата секако го продолжува дијалогот со соседна Бугарија за изнаоѓање достоинствено и европско решение кое ќе го крене ветото и ќе го даде долгоочекуваниот датум за отпочнување на преговорите со Унијата, изјави портпаролот на Владата Душко Арсовски.

За македонската влада предлогот на Макрон е одлична шанса за сите земји што не можат да влезат во ЕУ.

Дали изјавата на Макрон за воспоставување на европска политичка заедница, ќе влијае врз спорот меѓу Скопје и Софија, Арсовски вели дека предлогот на Макрон е одлична можност за обединување на земјите кои не успеале да влезат во блокот или не сакале во одреден момент, со оглед на новонастанатата геополитичка ситуација“, рече Арсовски.

Тој истакна дека овој предлог е поттикнат од потребата да се даде еден вид заштита на европската перспектива и можности за поврзување и соработка на Украина, Молдавија и Грузија со Унијата, без притоа да чекаат да ги исполнат сите критериуми што се потребни за земјите кандидатки за членство.

Францускиот претседател Макрон повика да се формира „европска политичка заедница” за зајакнување на соработката на ЕУ со другите европски земји, поради тоа што членството на тие земји во Унијата не е реално во блиска иднина. Укажувајќи дека треба да се преуредат основачките договори на ЕУ, Макрон истакна дека во наредните недели би можеле да се одржат разговори за институционални реформи и дека за нив би можело да се дискутира на следниот Самит на лидерите на ЕУ.

Германскиот канцелар Олаф Шолц оцени дека идејата на Макрон за формирање „европска политичка заедница” е интересна, но и дека тоа не треба да ги спречува да го завршат она што е започнато со земјите од Западен Балкан кои донеле храбри одлуки, при што, како пример ја наведе Македонија.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.