Ковачевски се сретна со Мицотакис: Имаме интерес за заеднички енергетски инвестиции

Македонскиот премеир Димитар Ковачевски му се заблагодарил на грчкиот колега по должност Киријакост Мицотакис и за силната поддршка на Грција за усвојување на преговарачката рамка и за почетокот на преговорите на Македонија со ЕУ. Таа поддршка, велат од Владата, била реафирмирана и на средбата во петокот.

„Пријателството меѓу двете земји овозможи да развиеме стратешки енергетски проекти, посочија премиерите на Северна Македонија и на Грција, Димитар Ковачевски и Кирјакос Мицотакис за време на билатералната средба одржана денеска на маргините на Минхенската безбедносна конференција“, известуваат во владината служба за информиње.

Ковачевски, велат од Владата, посочил дека пријателството помеѓу двете земји има огромен потенцијал да се унапредува понатаму согласно стратешкото партнерство кое се воспостави со потпишување на Договорот од Преспа.

„Заедничкиот интерес за напредок на меѓусебните односи двајцата премиери го препознаваат и во заедничките стратешки и капитални енергетски инвестиции како што е учеството на Северна Македонија во Терминалот за течен гас во Александропулос и изградбата на интерконекторот за природен гас со Грција. На средбата беше изразено задоволството од двете страни од континуираното зајакнување на политичкиот дијалог во изминатите неколку години, проследено со посети и средби на високо ниво што придонесе за дополнително интензивирање на динамиката и градењето доверба меѓу двете земји и за раст на економската соработка“, соопштија од Владата.

Ковачевски му се заблагодарил на Мицотакис и за силната поддршка на Грција за усвојување на преговарачката рамка и за почетокот на преговорите на Северна Македонија со ЕУ. Таа поддршка, велат од Владата, била реафирмирана и на денешната средба.