10.8 C
Skopje
четврток, април 25, 2024

Ковачевски треба да прифати дека има тапија за трајна неспособност, да не вреска од говорници, туку да дозволи да се провери неговата деловна способност

Дезертерот Ковачевски веќе не знае што и како зборува. Колку повеќе јавноста се интересира за тоа како го одбегнал воениот рок со дијагноза трајно неспособен, тој станува повеќе нервозен и жолчен. Очајните испади и навреди се резултат на тоа што веќе јавноста виде со каков дезертер и лажов си има работа, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Еднаш ја лажеше јавноста дека заради школувањето не служел војска, па после дека имал серија хируршки интервенции, па сега дека имал проблем со стомакот.

Што од сето ова е точно или сето ова е лага.

Единствено кое е вистина е дека дезертерот Ковачевски има тапија за трајна неспособност. Вистина е дека кога илјадници беа на првите редови на одбраната на суверенитетот на Македонија, Ковачевски избегнал служење на воен рок. Вистина е дека безочно ја лажеше јавноста и вистина е дека постојат основани сомненија дека трајната неспособност може е и деловна неспособност, што мора итно да се провери. Впрочем и во неговата партија веќе се сомневаат во него, па почнуваат да му даваат совети за ориентација.

Наместо да се пенави врескајќи и навредувајќи од говорници, Ковачевски треба да ја прифати вистината за тапијата за трајната неспособност и да дозволи да се провери дали таа влијае врз неговата можност на нормално вршење на премиерската функција, стои во партиското соопштение.