Ковачевски во Бугарија ќе бара помош за енергетската криза

Делегацијата предводена од премиерот Димитар Ковачевски в понеделник ќе престојува во еднодневна работна посета на Софија поврзана со енергетската криза.

Работната посета на Ковачевски и делегацијата од ресорите економија и енергетика, како што информираат од владината прес-служба, е за справување со последиците на светската енергетска криза.

Ковачевски во Софија заминува од Белград, каде ја предовди владината делегација на Првиот меѓународен саем за вино „Винска визија Отврен Балкан на Белградскиот саем“.