Ковачки до Спасовски: Дојди уапси го Мицкоски во Велес или извини се, ако не, биди сигурен ќе дојдат по тебе!

„Вечерва Претседателот Христијан Мицкоски е во Велес во манастирот Св. Димитрија.

Министре Спасовски, имаш опција веднаш да ги пратиш твоите режимски полицајци да го уапсат или да се извиниш за тоа што го тврдиш.

Ако ништо од ова не направиш, биди сигурен дека набргу од денес некој ќе дојде по тебе“, му порача Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на Фејсбук откако пред извесно време првиот човек на полицијата изјави:„Човек близок до Мицкоски го уби ракометарот Денис Тот“.