Ковачки има ковид-19, а Шекеринска го оставила без здравствено осигурување

Членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки на својот Фејсбук профил објави дека е позитивен на ковид-19 и дека веќе 11 месеци нема здравствено осигурување.

– При обид да добијам препорачана лекарска терапија, открив дека мојот работодавец, Министерот Шекеринска, ме има одјавено од здравствено осигурување уште пред 11 месеци. Значи, во период на светска пандемија, 11 месеци ме оставила без здравствено осигурување и за тоа мудро си молчи и таа и нејзините соработници. Ова е тендециозно и свесно поигрување со здравјето на политичките неистомисленици – објасни Ковачки.

Тој ја запраша министерката Шекеринска од цело Министерство за одбрана, зошто само тој е без здравствено осигурување и по која основа вршена оваа дискриминација?

– Во нормална држава за ваков непрофесионален однос и за злоупотреба на службената позиција се одговара. Кој Ви дозволи на ваков дрзок и безобразен начин да си поигрувате со здравјето? Не сакам да мешам емоции во политиката, но овој пат морам да прашам дали понекогаш имате грижа на совест или можеби срам? – запраша Ковачки.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.