Ковачки: Ковачевски како трајно неспособен избега од војска, додека децата од сиромашните семејства гинеа

Комуњарава се симна со лаги и измислици да го брани Трајно неспособниот или лажгото дека е трајно неспособен премиер – Димитар Ковачевски, коментира Драган Ковачки на својот Фејсбук профил.

Во продолжение следува неговото соопштение:

Пак вадат дека сум имал кривично дело – фалсификување на исправа.

Колку пати треба да ви повторам под полна морална и кривична одговорност и да ПОТВРДАМ дека:

  1. НЕ СУМ ОСУДУВАН за ниедно кривично дело досега!
  2. Против мене НЕ СЕ ВОДИ никакво кривично обвинение!

Престанете со лаги и извинете се.

Знам дека ве боли тоа што за лидер имате ТРАЈНО НЕСПОСОБЕН или лажго што се правел трајно неспособен, но да тврдите дека сум сторител на Кривично Дело, а веќе за тоа сум се произнесол дека ќе Ве тужам затоа што е лага е рамно на очај.

За ова ќе си добиете по една тужба за клевета, а парите ќе ги донирам на децата на бранителите.

*Одговорете за Ковачевски: Дали лажел дека е Трајно неспособен или навистина е Трајно неспособен како што приложил документ за да избега од војска додека децата од сиромашните семејства гинеа?

Одговорете и зошто лажеше дека немало потреба да оди војска правдајќи се дека бил на школување, а после тоа приложил документ и се правел Трајно неспособен?