Ковачки: Не може да се менува Устав без да се праша народот, власта ја наметнува темата, бидејќи нема што друго да понуди

-Не може да менувате Устав без да ги консултирате граѓаните. Ако се убедени, нека повелат на избори, да ги соочиме аргументите и фактите и народот нека си каже. Тоа што тие сега го прават со квази мнозинство со вметнување на партии се добива само проблем со легитимитетот на таа власт, изјави за „Што не е јасно“ пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ; Драган Ковачки.
Ковачки потенцира дека власта постојано го повторува прашањето за Уставот затоа што нема што да понуди пред граѓаните, со економијата сме на дното, а народот живее помизерно.
– Власта постојано го повторува прашањето за уставни измени затоа што и нема што друго да каже. Нека излезат и нека кажат зошто Македонија од 2020 до 2022 има пад во економија, зошто 63% од фирмите кажуваат дека треба да дадат мито за да добијат тендери, зошто граѓаните сметаат дека државата се движи во погрешна насока, дека животниот стандард им е полош., рече тој.
Ковачки посочи дека власта со ова сега само бара начин и креира сценарија да се оправда, како и да го оправда неуспехот за неотпочнување на преговори.
– Македонската влада бара начин за да се оправда за неуспехот за отпочнување на преговори, а сите знаеме дека тие може да почнат со почитување на Копенхашките критериуми, зборувам и за тек и за завршување. Не може да ги лажете македонските граѓани, да се смени Уставот и ќе почне пари да доаѓаат. Во криминална држава не може некој да ви дава пари од надвор. Нивните граѓани плаќаат даноци, зошто нам би ни овозможиле кога има корумпирана и најкриминална влада, вели Ковачки.
Тој посочи дека Европа не сака земји кои немаат владеење на правото, поврзани лица со власта не се апсат, а други со опозиција се оцрнуваат, каде законите важат за поединци, и земја која има политички затвореници во 21 век.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.