Ковачки: Прочистувањето на судството се само празни зборови, нека го расчистат најголемиот докажан рекетарски скандал

Драган Ковачки и порача на Владата, наместо да зборува за прочистување на судството, да ја расчистат најголемата рекетарска афера во историјата на Македонија.

-Ќе го прочистувале судството. Празни флоскули и оправдување за чистки на сите што не им се под контрола, или со други зборови начин за дисциплинирање на судската власт од страна на извршната.

Еве ако се толку искрени во намерата, им давам предлог – нека почнат со ревидирање на најголемиот скандал со докажано рекетирање во Македонија.

Двајца од сликава се со правосилни затворски казни (погодувате кои), но што правиме со третото лице (и за тоа погодувате кое е), дали барем го повикаа во обвинителство за да даде исказ и да се расчисти дилемата, има или нема вмешаност? За што е разговарано или договарано на таа средба?
Визија, провизија, реформа или слично?

Во духот на транспарентноста, јавноста има право да знае дали и колку пати досега е преминат Рубиконот од страна на чесните кадри-министри – порача Ковачки.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.