Ковачки се откажа од платата, ја повика и Шекеринска да го направи истото

Во текот на денот, кандидатот за пратеник полковникот Драган Ковачки, го замрзна работниот однос со Министерството за одбрана и повика на фер плеј и од страна на Министерката за одбрана да го направи истото, односно да се откаже од месечните примања и да не ги користи државните ресурси за партиски предизборни цели.

„Ваквиот начин на разбирање на политиката е тоа што и треба на Македонија и само со вакви европски вредности можеме да ја приближиме Македонија до Европа. Значи на мене законски мора да ми е во мирување работниот однос, ама нема врска, неа ја лупаме за морал и етика во политиката“, објави Ковачки