Ковачки: Со доаѓање на Шекеринска во министерството за одбрана, македонската Армија според Global Firepower падна од 127 место на шест места подолу

Global Firepower, светско истражување кажува дека од моментот на доаѓање на министерот Шекеринска во делот на одбраната пред две години македонската Армија била на 127 место, после нејзиното доаѓање сме паднале шест места. И сега сме шести но од позади и тоа токму поради неодржување на системите, исфрлање на системите од употреба. Реално треба да се носи одговорност за ова работа, истакна Драган Ковачки, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во емисијата „Што не е јасно“ на Алфа телевизија.

Ковачки додаде дека министерството за одбрана е подготвено да изврши уставни обврски треба да се праша министерот за одбрана. Ама министерот за одбрана да даде реален и вистински одговор, а не со празни флоскули дека се е во ред и дека сите мерки се преземени.

-Смешни се презентациите со чизми. Чизмите се презентирани пред три – четири години, и тие веќе се истрошени. На колку време се менуваат чизми? Значи тие чизми веќе се истрошени. Срамота е да се гордееме со тие работи. Тоа е нормална работа да имате, рече Ковачки.

Ковачки посочи дека веројатно сега пред изборите ќе има промоција и спортски опреми, на патики итн. Власта ќе се обиде со такви работи да го купи народот, но граѓаните знаат дека тие работи се купени со народни пари.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.