21.8 C
Skopje
четврток, март 28, 2024

Ковачки: Свесни дека викендот без ДДВ не им минува, денеска дури и Заев повика да се купува компјутерска опрема без ДДВ

Во празничниот викенд во кој се сеќаваме на македонските жртви од антифашистичката борба во 2СВ, Владата одлучи на своите граѓани да им даде викенд без ДДВ. Секако, за таа мерка направи промоција небаре министрите даваат нешто од свој џеб, ова денеска на својот Фејсбук го пишува Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ.

-Арно ама, како и за се’ друго на што се нафатила оваа криминална структура што ја има заробено татковината, така и оваа мерка не даде никаков резултат. Најдобар индикатор за успешноста на таа мерка беа празните продавници. Свесни дека голиот популизам веќе не поминува кај народот, денеска дури и премиерот Заев повика да се купува компјутерска опрема без ДДВ. Ова последното е како поддршка на министерот задолжен за социјалната политика, г-ѓа Јагода Шахпаска, која рече дека “родителите што немаат пари за компјутери за своите деца, да го искористат овој викенд бидејќи бил без ДДВ”.
Се прашувам што размислуваат во Владата, толку ли ги понесоа функциите и за толку ли краток период од предизборието кога ги поткупуваа граѓаните од ранливите категории со вреќа брашно и зејтин, сега да дојде ред да ги упатуваат да си купат компјутери од 500 – 1000 евра кои патем речено и ги нема во малопродажба?
Премиере и останати министри, први вице-премиери, втори и помалку важни вице-премиери, советници, во кој свет живеете, свесни ли сте дека луѓето по селата немаат вода за пиење, немаат канализација, одат во кал оти немаат асфалт, а вие им кажувате да си набават компјутери и дигитална технологија и тоа без ДДВ.
Фрлате 83.000 евра за обука на литоријанско хрватско магаре и 270.000 евра на некаква берберница, а го лажете народот со укинување на 5% попуст ДДВ за компјутери.
Во претходниот мандат ја имавме пратеничката Мира која не’ убедуваше дека покачувањето на акцизата на горивото нема да ги погоди сиромашните граѓани бидејќи истите не поседувале автомобили, денеска ги имаме Заев и Шахпаска што дадоа викенд без ДДВ за сиромашните да си купат компјутери.
Трагедија…, стои во неговиот пост на Фејсбук.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.