Ковачки за одлуката Пендаровски за Илинден: Што да очекуваш од „државникот” според кој Делчев е Бугарин?

Откако денеска претседателот Стево Пендаровски обелодени дека ќе прави промена за прославата на Илинден на Мечкин Камен, со која тој нема да оддржи говор, туку ќе има концерт, реагираше Драган Ковачки. Според него не се очекува ништо друго од претседател за кого Гоце Делчев се декларирал како Бугарин.

-Што да очекуваш од “државникот” според кој Гоце Делчев се декларирал како Бугарин?

Обезвреднија се’ што е македонско. Како може да нема говор за саможртвата на Илинденците? Како тоа никој од функционерите да не оддаде почит на тие што загинаа за да ние денеска живееме во мир и слобода?

Ако нема државничко обраќање на Мечкин Камен, тогаш каде треба да има?
*Си газиме на корењата, па после некој друг ни е крив…

П.С.
Иако образложението Ви е само алиби, да прашам дали сте се запрашале зошто Ви свиркаат на говорите?