Ковачки: Заев стравуваше од сопственото „мнозинство“ при гласањето недоверба за неговата Влада

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки, вечерва во Алфа телевизија, во врска со гласањето недоверба на Владата во четвртокот е сценарио на премиерот Зоран Заев кој се плашеше од својата партија и коалиција да дозволи да влезат пратениците за да се види таканареченото мнозинство кое наводно го има, затоа што не бил сигурен во нивната волја.

„Сценариото кое ни го подготви Заев во четвртокот факт е дека е добро обмислено, меѓутоа тука е важен еден друг момент, зошто доколку тој имаше верба во своите пратеници зошто не им дозволи да влезат во собраниската сала и да го направат кворумот и да ја образложат потребата од останување на ова Влада на власт, меѓутоа тоа не се случи, ние не го видовме тоа таканаречено мнозинство и пратениците не влегоа“, рече Ковачки.

Истакна дека има сомнежи и дека останати пратеници, исто како пратеникот Кастриот Реџеп, биле принудувани па не можеле да бидат внесени во салата.

„Факт е дека Зоран Заев се плашеше од сопствената партија и сопствената коалиција да дозволи да влезат пратениците избраници на народот слободно да ја искажат својата волја“, посочи Ковачки.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.