Ковачки: Зошто е извадено името на кандидатите пред да бидат одобрени во НАТО, со тоа е нарушен угледот и на МО и на државата

Ден четврти. Министерот за одбрана и Претседателот Пендаровски се’ уште не се охрабруваат да излезат пред македонската јавност и да кажат кој и зошто ги прекршил процедурите при испраќање на нашите претставници во НАТО, вели Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ.

-Наместо тоа, како портпароли излегуваат истрошени и безбедносно неодговорни лица кои не ја познаваат законската регулатива и за жал, во јавност изнесуваат класифицирани, строго доверливи информации од класифицирани постапки. Со овој ноншалантен однос кон класифицираните информации, само се потврдува тезата дека интересот на партијата им е над се’ и дека законите за нив не важат. Овој однос е неприфатлив за земја членка на НАТО и земја претендент за ЕУ! Повторно го прашуваме министерот за одбрана: Каде Ви е прекршена процедурата, Ви кажа ли некој дека е можно да има безбедносна пречка пред да го објавите името на кандидатот во јавност или не? Ако ви кажал, зошто продолживте со процедурата и му направивте штета на човекот со тоа што го извадивте неговото име во јавност и зошто го нарушивте угледот на министерството и на државата? Чувствувате ли одговорност? За крај кратко и јасно, лицата кои се одбиени се со потпис на Шекеринска и Пендаровски. Да не се обидуваат да ја разводнуваат темата, и да понесат одговорност, истакна Ковачки.

Јавноста чека одговори, одважете се и одговорете на конкретните прашања. Сепак, плата земате од јавноста, или можеби заборавивте? Оставка! Додава тој.