Ковани пари од 10, 100 и 1.000 денари за колекционери

Советот на Народната банка на Република Македонија денеска одлука за издавање ковани пара за колекционерски цели „Кирил и Методиј“  и „Лав“. Кованите пари „Кирил и Методиј“ ќе бидат во апоени од 100 денари и 1000 денари, додека кованата пара „Лав“ ќе биде во апоен од 10 денари. Издавањето на кованите пари за колекционерски цели ќе придонесе за подобро претставување на земјата на домашен и на меѓународен план.

Советот донесе одлука и за  проверка на автентичноста и соодветноста, условите и начинот на враќање на книжните и кованите пари во оптек. Исто така, ревидирана е  и подзаконската регулатива во однос на поставеноста на пазарот на странски платежни средства. За разлика од тековната регулатива којашто предвидуваше тргувањето на девизниот пазар да се врши само со десет валути, со новата одлука се овозможува склучување трансакции со странски платежни средства коишто гласат во валути од курсната листа на Народната банка, којашто е проширена со додавање на сите валути објавени од страна на Европската централна банка.